Чорба со зеленчук, просо и јајце
Потребни ви се:
1л вода
2 био/органски или домашни коцки за супа
50гр грашок,
100гр брокула
30гр изрендан морков
1 мал изрендан компир
10-тина топчиња прокељ
1 јајце
20гр просо
лимонов сок
Начин на подготовка:
водата се зоврива, потоа се додаваат коцките за супа, и сите исецкани зеленчуци, и 20гр просо. Откако зеленчуците и просото ќе се сварат, во супата се додава едно матено јајце во кое ќе додадете лимонов сок и мал дел од супата. Јајцето се додава полека и со постепено мешање.