Skip to main content
КошничкаClose Cart

10 дена REAL FOOD предизвик

 

10 Дена REAL FOOD предизвик спаѓа во групни програми за исхрана.

-Групните програми за исхрана претставуваат готови програми за исхрана, креирани за постигнување на одредена цел (слабеење, здрав начин на исхрана итн.). Менијата за исхрана во овие програми се исти за сите учесници, но постојат правила за замени и модификации во рамките на програмата, и индивидуални насоки и совети. Во програмата е вклучена и моја поддршка, следење и консултации со мене, во периодот додека трае програмата. Групните програми за исхрана не се отворени постојано, и на нив можете да се пријавите само во термините во кои се отворени за пријавување.

Што претставува 10 дена REAL FOOD предизвик ?

-Оваа програма претставува 10 дневна програма за здрава исхрана за слабеење, во која нема да користиме преработени производи. Во оваа програма е вклучена само “вистинска/природна храна“, т.е. не се користат производи и намирници кои се преработени со употреба на шеќер и други додатоци, или пак производи кои се високо процесирани. Програмата се состои од 3 оброци на ден. Се препорачува да не се користат ужини, но има предлог ужини за учесниците на кои ужината им е неопходна. Во програмата е вклучен и рецепт за секој оброк.

Програмата содржи посно, вегетаријанско и класично мени, и секој учесник си бира, кое мени ќе го следи, секако има можност и да се комбинираат менијата.

За кого е наменет овој предизвик?

За здрави лица, и лица кои имаат полесни и исконтролирани здравствени проблеми, кои не бараат специјална индивидуална исхрана.

Кога започнува?

Започнуваме на 28-ми септември (среда) , а на 27-ми септември, добивате шопинг листа, и го добивате менито за предизвикот, за да имате време да се подготвите.

Пријавувањето трае до 27-ми септември.

Што добивате?

10 дневно мени (посно/веганско, вегетаријанско и класично) со вклучени рецепти

10 дневна поддршка – од мене.

Совети, консултации, насоки и контрола

Цена?

690ден

Начин на пријавување?

Вие се пријавувате на предизвикот преку извршување на уплата на предизвикот (во онлајн продавницата на веб сајтот; или преку уплата на жиро сметка (300040000180648 – Нутрика Маја ДООЕЛ). Доколку се пријавувате онлајн, внимавајте да оставите точна е-маил адреса при креирање на нарачката, бидејќи таму ќе ја добиете програма, а доколку уплаќате преку жиро сметка, испратете ми потрвра за уплата (на меил, инстаграм, фб или на вајбер (070 424 686)), и ваша e-mail адреса на која ќе ја добиете програмата и упатства за истата.

Линк за онлајн пријавување: кликнете тука!

 

Како отприлика изгледа едно дневно мени, во текот на овој предизвик?

Вообичаено се држиме до тоа да имаме три оброци во текот на денот: појадок, ручек, вечера (лицата кои ќе имаат потреби од ужини ќе добијат препораки и за ужините), со тоа што појадокот е благ во едното мени и солен во другото мени, а вообичаено комбинација од овошје, житарки, интегрален леб, намази, семки/јатки итн, ручекот е генерално традиционален македонски оброк – во поздрава варијанта, а вечерите се полесни оброци составени од салати и додатоци.