Skip to main content
КошничкаClose Cart

Исхрана според крвни групи, мит или вистина?

Веројатно сте слушнале за начин на исхрана според вашата крвна група. Но, дали знаете што всушност тоа значи, од каде потекнува и дали воопшто е научно поддржано или не.

Во 1996-та година, еден натуропатски лекар, кој што се вика Peter D’Adamo издаде книга во која ја опишува исхраната според крвните групи. Спред него, доколку се исхранувате во склад со вашата крвна група, можете да живеете подолго, поздраво, а можете и да ја постигнете вашата идеална телесна маса.

По издавањето, книгата стана многу популарна, и многумина започнаа да се исхрануваат по овој начин на исхрана. Но, интересно е што освен совети за исхрана, во книгата се дадени и совети за ниво и вид на физичка активност, и потребни суплементи за одредена крвна група.

Па така лицата со крвна група 0 треба да консумираат високо – протеинска исхрана, вклучувајќи поголеми количини на месо, лицата со крвна група А, пак, треба да одбегнуваат месо, лицата со крвна група Б треба да се хранат со разновидна исхрана, а лицата со крвна група АБ треба да консумираат млечни производи, тофу, телешко месо, житарки, риба, овошје и зеленчук.

Но дали зад сево ова има некаква наука?

За жал, позади овој начин на исхрана не постојат никакви квалитетни научни студии1, и моментално овој начин на исхрана, т.е. науката зад овој начин за исхрана е класифицирана како псевдонаука, бидејќи не е поткрепена со официјални и квалитетни научни докази.

Иако, кај некои лица се постигнува и подобрување на некои параметри, сепак студиите2 покажуваат дека тоа не е поврзано со нивната крвна група.

Дали има логика позади овој начин на исхрана?

Не баш, поради тоа што, сите основи на кои што е израдена теоријата за овој начин на исхрана, се во спротивност со сите научни податоци со кои располагаме моментално.

Така што, нашиот заклучок би бил: До следна нова “популарна диета“, обидете се само да се храните здраво и да живеете здраво, поради што нема ниту да имате потреба од следење на било каков нов и популарен начин на исхрана.

Автор: дипломиран нутриционист Маја Велковска