Skip to main content
КошничкаClose Cart

БРЗ КОЛАЧ ОД ЈАБОЛКА

Потребни ви се:

600гр интегрално пченично брашно

Млеко од соја или вода (по потреба)

1 шолја рогач

1,5кг јаболка

Кокос

Мед

Начин на подготовка:

Тестото се подготвува така што се мешаат брашното, млекото/водата и рогачот. Млеко/вода се става во толкава количина што ќе овозможи густината на тестото да биде малку погуста од класично тесто за палачинки.

Јаболките се лупат, се сечкаат на коцкички и се ставаат на подмачкан плех. Распоредете ги јаболките по целата површина на плехот, па прелијте ги со тестото. Печете 40 минути. Кога колачот е готов, извадете го. Кога малку ќе се излади, исечете го и при служењето, свртете го наопаку, за јаболките да бидат на горната страна. При послужување прелијте го колачот со мед и наросете го со кокосово брашно.