Skip to main content
КошничкаClose Cart

СИРОВА КАКАО ГРАНОЛА ОД ХЕЛЈДА

Потребни ви се:

1 шолја урми без семки

1 шолја вода

1 шолја хељда отстоена во вода најмалку 1 час

¼ шолја какао

¼ шолја мед

½ лажичка кокосов екстракт

Малку хималајска сол

Цимет, ванила

Начин на подготовка:

Потопете ги урмите во вода најмалку еден час. Оставете ја хељдата да отстои во вода барем 1 час, а потоа исцедете ја, добро измијте ја, повторно исцедете ја и оставете ја добро да се исуши. Ставете ја во длабок сад. Во процесор за храна или во блендер, ставете ги урмите, водата, какаото, медот, циметот, аромата на ванила, екстрактот од кокос и солта. Мешајте се додека не добиете воденесто тесто. Откако смесата ќе ја извадете од блендер, додајте ја хељдата. Поделете го тестото и развлечете го на тавче па ставете го на дехидрирање на температура од околу 43°С, околу 24 часа. На крај извадете ја гранолата од дехидраторот (или од подотворена рерна која ви е вклучена на 50°С) и раздробете ја со раце во сад. Потоа можете да ја чувате во пластична ќеса во ладилник до неколку недели. Можете да ја консумирате со сурово растително млеко (бадемово, сусамово, оризово, млеко од лешници…).