Веган браунис
Потребни ви се:
1 чаша брашно,
½ чаша интегрален шеќер
1 исецкано црно чоколадо (75% какао)
50-тина грама какао во прав
1 банана
2 лажици сок од лимон
1 лажичка сода бикарбона
малку сол
1 чаша вода
½ чаша маслиново или кокосово масло
Начин на подготовка:
Сите состојки се мешаат и потоа се печат во правоаголен калап кој е претходно премачкан со масло, па со брашно. Колачот се пече околу 20-35минути, на 170-180˚С. Сепак најдобро е да се провери дали колачот е печен, со чепкалка, бидејќи колачот е со темна боја и само според неговиот изгледа не може да се утврди дали е доволно испечен.