Skip to main content
КошничкаClose Cart

Вегетаријанска лазања

Потребни ви се:
500гр кори за лазања
1кг свежи печурки
1,5л доматен сос
200гр моцарела
400гр кашкавал
1 кромид, 2-3 моркови

Начин на подготовка:
Кромидот и морковот се сецкаат и кратко се пропржуваат на маслиново масло, заедно со измиени и исецкани свежи шампињони. Потоа на оваа смеса и се додава доматниот сос, и се остава смесата малку да поврие. На крај се зачинува и посолува.

Потоа во тавче се реди еден слој кори за лазања па се нанесува третина од филот, па уште еден ред лазања, повторно фил врз кој се реди изрендана моцарела, а на крај се реди уште еден ред кори за лазања па остатокот од филот.

Потоа лазањата се пече во загреана рерна на околу 200 степени Целзиусови, околу 30тина минути. По 30-тина минути, се вади, па одозгора се редат парчиња кашкавал по целата површина, и се враќа уште 5-10минути да се допече, и ручекот е спремен.

Оваа количина е доволна за 6 лица, вие можете да си ја прилагодите според вашите потреби. Јас ја правам во поголемо четвртасто тавче, за да ни излезат три реда со кори, така што вие пресметајте си колку реда ќе имате во вашето тавче, за добро да си го распоредите филот.
На здравје.