Ќофтиња од соја
Потребни ви се:
100гр соја во зрно
1 страк праз
1 тиквичка
1 мал компир
2 јајца
2 лажици сусам
зачини и сол по желба
2 лажици маслиново масло
Начин на подготовка:
Сојата се покиснува во вода одвечер, а потоа се вари, па се меле во блендер (со ножот за мелење), во ред е ако останат и парчиња од соја зрната.
Тиквичката и компирот се рендаат и потоа се додаваат во сојата. Празот се сецка па се додава на сојата, заедно со јајцата, сусамот, маслиновото масло и зачините. Се мешаат сите состојки, па се формираат ќофтиња и се печат во тава, наредени на хартија за печење, околу 30-40мин, на 180-200 степени Целзиусови.