Skip to main content
КошничкаClose Cart

Интегрални крекери

Потребни ви се:

Две чаши интегрално пченично брашно;
Една чаша бело пченично брашно;
150мл маслиново масло или 150гр путер;
2 лажички сол;
50 гр ленено семе;
50гр интегрален сусам;
100гр семки од тиква;
100гр сончоглед;
2 лажички чиа семе;
20гр ким;
Кисела вода, по потреба.


Начин на подготовка:

Се мешаат сите состојки и се формира помеко тесто, кое се развлекува дирекно во тавче, на хартија за печење, а потоа се сече во посакуваните форми (јас го сечам во форма на квадратчиња);

Се пече на околу 150-160°С, 15-20мин.