Пита од просо
Потребни ви се:
200гр просо
300гр спанаќ
1 страк праз
350мл вода
2-3 лажици сусам
5 лажици маслиново масло
Начин на подготовка:
На маслиновото масло, кратко продинстајте ги исецканите спанаќ и праз. Просото сомелете го (сирово), и потоа додајте му ја водата, празот, и спанаќот, зачини по желба, сол, и добро промешајте. Во сад за печење ставете хартија за печење, истурете ја смесата одозгора, поросете ја со сусам, и потоа печете во загреана рерна на околу 200 степени Целзиусови, околу 50-60минути.