Skip to main content
КошничкаClose Cart

Палачинки со хељдино брашно

Што сè ви е потребно за палачинките:


300мл растително или обично млеко;
2 лажици брашно од хељда
4 лажици интегрално пченично брашно
4 лажици пченкарно брашно,
5-6 ореви,
2 јајца
Прстофат сол
1 лажица кокосово масло;

Начин на подготовка:

Изматете ги сите состојки со маталка, или во блендер, (маслото треба да биде растопено), и потоа истурете дел од смесата во нелепливо загреано тавче па печете ги палачинките без масло или со мала количина на кокосово масло или путер. Печете неколку минути од едната страна, па потоа превртете ја палачинката да се испече и од другата страна;
Од оваа количина, јас добив околу 9 палачинки со големина како тие на сликата;


На крај искомбинирајте ги палачинките со свежо овошје или додадете им и мед. А, можете да ги консумирате и во солена варијанта, на пример: со зеленчук, маслинки и хумус.