Банана палачинки
Потребни ви се:
1 банана
2 јајца
1/2 чаша ржани снегулки
2 лажици мед
малку путер или кокосово масло
Начин на подготовка:
Сомелете ги ржаните снегулки, а потоа изблендирајте ги заедно со јајцата, бананата, медот, и можете да додадете и цимет по желба. На тавче за печење палачинки ставете малку путер или кокосово масло да се загрее, па со лажица истурајте од смесата и формирајте мали палачинки. Откако палачинката ќе се запече на едната страна, превртете ја на другата, и испечете уште малку на другата страна. Правете помали и подебели палачинки, испечете ги добро, но немојте да ги печете на многу висока температура за да не ги изгорите.