Skip to main content
КошничкаClose Cart

Бомбици со путер од кикирики

Потребни ви се:


1 шолја мелени овесни снегулки;
2 лажици какао;
1 шолја сецкано суво овошје по желба;
1/4 шолја сецкани ореви;
300-400гр путер од кикирики;
3 лажици мед;

Начин на подготовка:


Сите состојки се мешаат, а путер од кикирики додавајте колку што ви е потребно за да се формира добра смеса за обликување, јас мислам дека ставив околу 350гр, и секако путерот нека биде на собна температура, т.е. растопен за да може да го измешате.

Потоа обликувате топчиња, и бомбиците се готови;

На здравје ❤