Бомбици со суво овошје
Потребни ви се:
80гр суви кајсии
80 гр суви смокви
160гр свежи урми
1 банана
5 лажици овесни снегулки
6 лажици мелени бадеми
4-5 лажици кокос (за валкање на бомбиците)
Начин на подготовка:
Сувото овошје и бананата обработете ги во мултипрактик. Потоа на оваа смеса додадете и ги овесните снегулки и бадемите, а потоа оставете ја да се излади во фрижидер. Кога ќе се излади смесата, од неа формирајте топчиња, па валкајте ги во кокос. На здравје.