Skip to main content
КошничкаClose Cart

Проја

Потребни ви се:

2/3 шолја маслиново масло

2,5 шолји јогурт

2,5 шолји пченкарно брашно

1/2 шолја палента

1 пециво

3 јајца

1 лажичка сол

По потреба: рендано сирење, праз, спанаќ, кисели краставички…

Начин на подготовка:

Сите состојки се мешаат добро, а потоа смесата се истура во тавче за печење (претходно покриено со хартија за печење). Одозгора можете да ставите сусам, лен, или некое друго семе. Печете околу 40-тина минути на 180 степени Целзиусови.