Ќофте од наут
Потребни ви се:
Околу 100гр наут (одвечер покиснат во вода), потоа кратко сварен, исцеден и исушен.
1 страк праз (исецкан)
2 јајца
1 изрендан компир
1 изрендан кромид
зачини и сол по желба
2 лажици сусам
Начин на подготовка:
Наутот се меле во блендер (со ножот за мелење), во ред е ако останат и поголеми парчиња наут. Потоа на ова се додаваат сите останати состојки, убаво се меша смесата, се зачинува (сол, куркума, босилек, оригано, бибер). Потоа се формираат ќофтиња од смесата и се редат на хартија за печење. Се печат на температура од околу 180 – 200 степени Целзиусови, околу 30 до 40мин.