Паштета од сончоглед
Потребни ви се:
100гр сончоглед (одвечер покиснат во вода)
2 лажици маслиново масло
1 лажица интегрален сусам
3-4 чешниња лук
Зачини (босилек, куркума, бибер, оригано)
1/4 лажичка хималајска сол
Вода по потреба
Начин на подготовка:
Сите состојки се блендираат додека да се добие хомогена смеса. Паштетата може да стои неколку дена во фрижидер. (Складирајте во стаклен сад).