Мусли бар
Потребни ви се:
100гр семки од тиква
100гр сончоглед
100гр бадем
50гр сусам
50гр лен
250гр ржани снегулки
100гр суво грозје (отстоено во вода)
100гр сува брусница (отстоена во вода)
300гр свежи урми (блендирани со малку вода)
2 лажици чиа семе
3 лажици кокос
Начин на подготовка:
Сите состојки се мешаат, и смесата се остава кратко да се сврзи. Потоа целата смеса се истура во тавче, обложено со хартија за печење, се притиска убаво одозгора и се израмнува, па се сече во посакуваните форми. Потоа се пече на 150 степени Целзиусови, околу 30-40 минути.