Мафини со тиквички
Потребни ви се:
1/2 шолја интегрално брашно (по ваш избор: ржано, пченкарно, пченично…)
1 шолја рендани тиквички
2 лажици путер или маслиново масло
50-тина грама рендано сирење, или урда
3 јајца
1/8 лажичка прашок за печиво
Сол, бибер и оригано по желба
Начин на подготовка:
Сите состојки се мешаат заедно и потоа смесата се истура во калапчињата за мафини. Мафините се печат во претходно загреана рерна на 180 степени Целзиусови, околу 25минути. Од оваа смеса, се добиваат околу 9 мафини.