Вафли со бадемово млеко
Потребни ви се:
2 поголеми јајца
1,5 шолја бадемово млеко
3 лажици мед
3 лажици кокосово масло или путер
1/2 лажичка прашок за печиво
1/2 лажичка сол
2 шолји интегрално пченично брашно
Начин на подготовка:
Изматете ги јајцата со маталка, а потоа додајте ги останатите состојки (освен брашното), добро измешајте, и на крај додајте го и брашното. Загрејте го апаратот за вафли, ставете доволна количина од смесата и печете.