Колач со јаболка
Потребни ви се:
4 изрендани јаболки (средни по големина)
1 шолја овесни снегулки
1 шолја интегрално пченично или ржано брашно
4 лажици брашно од хељда
4 лажици мелен интегрален сусам
1 прашок за печиво
3 јајца
1 шолја јогурт
3 лажици мед или интегрален шеќер
рака сецкани ореви или лешници
1-на лажица кокосово масло
Начин на подготовка:
Измешајте ги сите состојки, потоа истурете ја смесата во тавче кое е претходно обложено со хартија за печење и печете на температура од околу 180 – 200 степени Целзиусови околу 40-50минути.
Автор: дипломиран нутриционист Маја Велковска