Skip to main content
КошничкаClose Cart

Ќофте од тиквичка

Потребни ви се:

3 тиквички со средна големина

200 гр урда

100 гр мелени јатки/семки (бадеми, ореви, или семки од тиква/сончоглед)

2 јајца

8 лажици интегрално пченично брашно (или пченкарно)

Зачини

Начин на подготовка:

Тиквичките изрендајте ги, посолете ги и оставете ги да се исцедат во цедалка, или ставете ги во кујнска крпа па притиснете ги за да се исцедат од водата. Потоа додајте им ги сите останати состојки, убаво промешајте. Смесата не треба да биде многу густа, но не треба да биде ни многу ретка, треба да можете да ја црпнете со лажица и да формирате плескавичка/ќофте во тавчето, со помош на лажицата. Откако ќе добиете смеса со посакувана густина (ако треба додајте повеќе или помалку брашно), ќофтињата ги печете на нелеплива тава со малку путер, малку малиново масло, или без масло. Црпнувате една полна лажица од смесата и ја истурате во тавчето и со помош на лажицата го оформувате ќофтето. Откако ќе се запече од едната страна превртувате да се допече и од другата и потоа ги вадите ќофтињата од печење. Може да се печат и во рерна, но тогаш смесата треба да биде погуста, задолжително да се редат на хартија за печење, и нема да бидат толку меки како кога ги печете (“пржете“) во тава, бидејќи така можете да работите и со поретка смеса што ќе даде помеки и сочни ќофтиња.

Автор: дипломиран нутриционист Маја Велковска