Skip to main content
КошничкаClose Cart

Дали сојата може да предизвика рак?

Сигурно се сеќавате на дилемата околу тоа дали сојата е здрава или нездрава храна и дали предизвикува или не предизвикува рак.

За среќа, сега имаме квалитетни научни студии кои ќе ни помогнат да ја разрешиме оваа дилема.

Прво да кажеме како дојде до оваа дилема?

Оваа дилема настана поради резултати од студии на глувци, кои што покажаа дека големи количини на фитоестрогени од соја, кај глувците може да предизвикаат зголемен ризик од појава на рак, но иако ова е точно за глувците, не е точно и за нас, бидејќи ние ниту сме глувци, ниту пак имаме потреба од консумирање на такви огромни количини на соја или друга храна богата со фитоестрогени.

Од друга страна студиите на луѓе покажуваат дека:

Кај жените кои имаат рак на дојката, консумирањето на соја е поврзано со намалена смртност и со намален ризик од повторна појава на ракот.

Студиите покажуваат дека консумирањето на соја не го зголемува ризикот од појава на рак, кај луѓе.

Некои студии сугерираат дека консумирањето на соја може да го намали ризикот од појава на рак на дојката (сепак потребни се подетални студии за докажување на овој бенефит).

Студиите покажуваат дека и лененото семе како одличен извор на фитоестрогени е поврзано со намален ризик од појава на рак на дојката, и со намалување на способноста на туморите да растат.

Моментално не постои научна основа за страв од умерено консумирање на храна богата со фитоестрогени, ниту кај жени кои се во репродуктивна возраст, ниту кај жени во менопауза, а ниту кај жени кои имаат канцерогено заболување, или пак преживеале канцерогено заболување. Секако, текстот се однесува на квалитетни и природни извори на фитоестрогени (органска соја, ленено семе итн), додека екстракти, суплементи и разни други преработки од соја или некои други производи, не се тема на разговор, во овој текст.