Оралните контрацептиви и сите нивни страни
Оралните контрацептиви најчесто претставуваат мешавина на естроген и прогестерон, и се користат за спречување на бременост, со тоа што употребата на овие хормони доведува до превенирање на испуштање на јајца клетка од јајниците (овулација), која понатаму може да биде оплодена.
Целта на денешниот текст, е да ги видите сите страни на оралните контрацептиви, односно, од што ве штитат, а и какви несакани ефекти може да имаат, се со цел да донесете одлука врз основа на релевантни информации, и да донесете одлука која е најдобра за вашето лично здравје.
Позитивните страни на оралните контрацептиви:
Веројатно може да го намалат ризикот од појава на рак на јајници и на ендометриум.
Имаат ефективност во спречување на настанување бременост од 91 до 99% (во зависност од тоа колку редовно се користат).
Негативните страни на оралните контрацептиви:
Го зголемуваат ризикот од појава на рак на дојка.
Го зголемуваат ризикот од појава на длабока венска тромбоза.
Го зголемуваат ризикот од појава на некои кардиоваскуларни болести и од тоа да добиете миокарден инфаркт.
Автор: дипломиран нутриционист Маја Велковска