Палачинки со ореви и кисело млеко
Потребни ви се:
2 домашни јајца
рака ореви
рака семки од тиква
3-4 лажици кисело млеко
2 лажици пченкарно брашно
2 лажици интегрално пченично брашно
2 лажици бело пченично брашно
малку хималајска сол
Начин на подготовка:
Добро ги блендирате сите состојки, а потоа палачинките ги печете во нелепливо тавче намачкано со малку путер или маслиново масло. Откако палачинката ќе се запече на едната старна, превртете и допечете од другата страна. Смесата е малку поровка и кршлива од стандарна смеса за палачинки, затоа препорачувам да правите помали и подебели палачинки.
Автор: дипломиран нутриционист Маја Велковска