Пита од хељдини кори со спанаќ и праз
Потребни ви се:
500гр кори од хељда
500гр спанаќ
1 -2 страка праз (или 1-2 главици кромид)
маслиново масло и кисела вода за попрскување на користе
сол по потреба
Начин на подготовка:
Спанаќот измијте го добро, па го сецкате и го динстате на маслиново масло, заедно со сецканиот кромид/праз, на крај смесата се посолува. Потоа во тавче за печење ставате хељдина кора, која ја попрскувате со малку кисела вода и малку маслиново масло, па редите од филот. И така ја повторувате псотапката, се додека не ги потрошите сите кори (корите се малку подебели, па јас ставам фил на секоја кора, затоа препорачувам да ги изброите корите пред да ги редете и распоредете го филот за да имате фил за секоја кора). На последната кора не ставајте фил, туку само попрскајте ја со кисела вода и маслиново масло. Потоа печете во загреана рерна на температура од околу 180-200 степени Целзиусови, околу 30-40мин.
Автор: дипломиран нутриционист Маја Велковска