Интегрални тестенини со сос од индиски ореви
Потребни ви се:
500гр интегрални тестенини
За сосот:
200гр индиски ореви
1 млад кромид
2 лажици маслиново масло
4 лажици кокосово млеко (или млечна павлака)
зачини и сол по желба
вода по потреба
Начин на подготовка:
Индиските ореви се киснат во вода неколку часа, потоа се плакнат па се блендираат со останатите состојки. Печурките се дехидрираат и потоа се мешаат со блендираната смеса. Тестенините се варат посебно и на крај се сервираат со сосот.
На здравје!
Автор: дипломиран нутриционист Маја Велковска