Skip to main content
КошничкаClose Cart

Колачиња од кокос

За да ги направите колачињата, потребни ви се:

•3 шолји кокосови трошки;
•1/2 шолја мед;
•2 јајца;
•3 лажици интегрално пченично брашно;

Начин на подготовка:

Прво се мешаат јајцата и медот, па се додава брашното и на крај кокосот. Искрено мене не ми излезе “тесто” туку несоединета смеса, која кога ја пририскате со раце за да формирате колаче – ќе се залепи. Мислев дека потоа ќе се распаднат, ама не воопшто не се распаднаа, кога ќе се испечат си се сосема во ред. Можеби ако се додаде малку повеќе мед или уште едно јајце смесата би била полеплива и по во форма на тесто, ама и вака беа во ред.

Автор: Нутриционист Маја Велковска