Skip to main content
КошничкаClose Cart

Три комбинации на намирници за подобра искористеност на нутриентите

Банана + бадеми

Комбинирање на бананата со бадеми или други јатки е одлична комбинација која ви овозможува подолготрајна ситост, постабилно покачување и намалување на шеќерот во крвта, и внес на добри количини од некои нутриенти како што се магнезиумот, калиумот и растителните влакна.

Цитрусни овошја + спанаќ

Верувам дека веќе ни е познато дека растителните извори на железо, содржат нехем железо, чија што апсорпција е помала отколку на хем железото, па се што може да ја зголеми апсорпцијата на нехем железото е добредојдено. Цитрусните овошја се добар извор на витамин Ц, а овој витамин ја подобрува апсорпцијата на нехем железото. Затоа смути или сок, од комбинација на добар извор на нехем железо (како што е спанаќот), со добар извор на витамин Ц е супер комбинација, доколку сакате да постигнете подобро искористување на железото од спанаќот.

Морков + маслиново масло

Морковот е добро познат извор на бета – каротен, но интересен е фактот дека бета – каротенот е всушност провитамин кој што е растворилив во масти, и за чија апсорпција се потребни и масти. Па затоа свежа салата во која има свеж морков, и која ќе ја зачинете со маслиново масло, е одлична комбинација за искористување на бета – каротенот.

Автор: дипломиран нутриционист Маја Велковска