Како брокулата ве штити од стареење и од невродегенерација
Сигурно сте слушнала за состојката сулфурофан, чиј што главен извор се зелкастите растенија, а од нив најпознат извор ни е брокулата.
Студиите покажуваат дека сулфурофанот кој што се наоѓа во брокулата и во другите зелкасти растенија и кој е изотиоцијанат, вид на моќен антиоксидант, има антивоспалителни ефекти и делува против стареење.
Сулфурофанот го активира Nrf2 и со тоа активира антиинфламаторни и антиоксидантни одговори и реакции, а го супресира NF-κB кој што има проинфламаторен ефект, па на тој начин го изразува своето антивоспалително дејство.
Науката потврдува дека сулфурофанот активира повеќе механизми преку кои го штити нервниот систем и го намалува ризикот од многу болести и токсини кои што влијаат на овој систем.
Ако до сега брокулата не беше дел од вашата исхрана, тогаш можеби е време да почнете да ја консумирате почесто.