Сиров бар од три состојки
Потребни ви се:
20 свежи урми (излупени и без семки)
4 лажици кокос
150-200гр мелени кикирики
Начин на подготовка:
Урмите ги лупите и ги гмечете со вилушка, потоа додавате 4 лажици кокос во оваа смеса и 150 до 200гр мелени кикирики. Секако, сите состојки можете да ги ставите и во процесор за храна па така да ја подготвите смесата за сировите барови. Откако смесата ќе се соедини (се мешање или со мелење во процесор), формирајте барови во посакуваната форма и големина.
На здравје.