5 здравствени бенефити од куркуминот
Куркумата содржи една состојка куркумин, а куркуминот има многу докажани здравствени придобивки.
Куркуминот има антиканцерогени ефекти.
Оваа состојка, може да помогне во превенција на некои видови на рак, а исто така дури и кога веќе е присутно канцерогено заболување, куркуминот го забавува растот и ширењето на канцерогените клетки.
Куркуминот и Алцхајмерова болест
Оксидативниот стрес и воспалителните процеси имаат улога во настанување и во текот на Алцхајмеровата болест, а куркуминот штити и од оксидативен стрес, а има и антивоспалително дејство.
Артритис и куркумин
Во една студија во која имало испитаници кои боледувале од ревматориден артритис, куркуминот бил дури и поефективен од антиинфламаторните лекови.
Куркуминот и забавување на процесот на стареење
Воспалителните процеси и оксидативниот стрес се главни причинители на предвременото стареење, па со оглед на ефектите на куркуминот на овие два процеси, може да се каже дека тој е ефективен и во превенција на предвремено стареење.
Куркуминот и ризикот од кардиоваскуларни болести
Кардиоваскуларните болести се водечка причина за смрт на светското население. Ендотелната дисфункција е водечката причина т.е. механизам за настанување на кардиоваскуларни болести. Куркуминот може да помогне во подобрување на функција на ендотелот – обвивката на вашите крвни садови и со тоа да ви понуди одредена заштита од кардиоваскуларните болести.