Киноа палачинки
Потребни ви се:
3/4 шолја сварена киноа
малку прашок за печиво 1/4 лажичка (но, не мора)
прстофат цимет
прстофат сол
2 лажички мед
2 јајца
Начин на подготовка:
Измешајте ги сите состојки, во сад, со лажица, а потоа загрејте тавче кое ќе го премачкатe со кокосово масло или путер. Истурајте од смесата во тавчето и печете ги палачинките, прво од едната (3-5минути) па од другата страна (2-3минути). Од оваа смеса ќе добиете околу 4 палачинки.