Мајонез од сончоглед
Потребни ви се:
1 шолја потпечени семки од сончоглед
1/2 шолја вода
1/4 шолја сок од лимон
половина или една мала лажичка лук во прав
сол, бибер и зачини по желба
Начин на подготовка:
Семките од сончоглед сомелете ги во мелница за семиња. Потоа сомелениот сончоглед ставете го во блендер, и додајте му ги сите останати состојки. Блендирајте додека смесата не се хомогенизира. Доколку има потреба, додајте и уште малку вода.