Skip to main content
КошничкаClose Cart

Гвакамоле

Потребни ви се:

Три зрели авокада

1/2 мал виолетов кромид – ситно исецкан

1-на црвена или зелена пиперка, исчистена од семки и ситно исецкана

малку ситно исецкан магдонос

2 домати, ситно исецкани

половина лажичка лук во прав или 2 чешниња лук – згмечени

сок од еден мал лимон

зачини и сол по потреба и желба

Начин на подготовка:

Авокадата излупете ги, отстранете им ги семките и изгмечете ги со вилушка, во сад. Потоа додајте ги сите други состојки, измешајте и зачинете по желба.

Автор: дипломиран нутриционист Маја Велковска