Skip to main content
КошничкаClose Cart

Хумус

Потребни ви се:

250гр варен наут

60мл сок од лимон

60мл таан

1 згмечено чешне лук или лажичка лук во прав

2 лажици маслиново масло

1/2 лажичка мелен ким

сол и зачини по потреба

2-3 лажици вода

Начин на подготовка:

Во процесор за храна или во блендер, прво измешајте ги таанот и сокот од лимон, 1 до 1 и пол минута. Потоа додајте ги сите останати состојки освен наутот, и блендирајте уште 1-2 минути. На крај додајте го и наутот (исцеден од водата), и блендирајте. Ако хумусот се уште има парчиња, повторно блендирајте и во текот на блендирањето додајте 2-3 лажици вода.

Автор: дипломиран нутриционист Маја Велковска