Мафини со спанаќ
Потребни ви се:
2/3 шолја маслиново масло
2,5 шолји јогурт
2,5 шолји пченкарно брашно
1/2 шолја ржано брашно
1 пециво
3 јајца
1 лажичка сол
500 гр сецкан спанаќ
Начин на подготовка:
Сите состојки се мешаат добро, а потоа смесата се истура во тавче за печење (претходно покриено со хартија за печење). Одозгора можете да ставите сусам, лен, или некое друго семе. Печете околу 40-тина минути на 180 степени Целзиусови.
Автор: дипломиран нутриционист Маја Велковска