Плескавици од леќа
Потребни ви се:
150гр црвена леќа
Околу 300мл вода
1 ситно исецкана црвена пиперка
1 средно голем виолетов кромид, исецкан
2 исецкани чешниња лук
4 лажици брашно од наут (можете и да измелете малку печена леблебија во мелница за кафе)
1 лажица мелено чиа семе
3 лажици исецкан магдонос
зачини по желба (сол, бибер, пипер, мелен ким)
Начин на подготовка:
Сварете ја леќата со околу 300мл вода, и малку сол. На малку малиново масло кратко пропржете го кромидот, пиперката и лукот. Потоа во процесор за храна додајте ја леќата и пропржениот зеленчук, магдоносот и зачините, чиа семето и брашното од наут. Измешајте ја смесата во процесор за храна. Потоа од смесата формирајте плескавици и печете ги во загреано тавче на малку маслиново масло, или пак во рерна, откако ќе ги наредете во тава обложена со хартија за печење.