Skip to main content
КошничкаClose Cart

Студија: растителна исхрана и КОВИД – 19

Со оглед на тоа што веќе навлегуваме во така наречениот, четврти бран на тековната пандемија, добро е да се вратиме на темата КОВИД – 19 и науката.

Добрата вест е тоа што сега веќе располагаме со многу научни податоци кои ги немавме претходно, а меѓу нив се и податоците за поврзаноста помеѓу исхраната и степенот на сериозноста на инфекцијата.

Една студија објавена во British Medical Journal на оваа тема, покажува дека лицата кои што се хранат со претежно растителна храна, што значи внесуваат мали количини на животински производи, или пак не внесуваат животински производи, и лицата кои се хранат со претежно растителна исхрана со додаток на риба и морска храна, имаат помали шанси да развијат средно тешка до тешка форма на КОВИД – 19.

Исхраната и здравиот начин на живот се уште едно моќно оружје во борбата против КОВИД – 19, така што не пропуштајте да ги примените сите совети што ги добивате на оваа тема.

Студијата можете да ја погледнете овде.

Автор: дипломиран нутриционист Маја Велковска