Skip to main content
КошничкаClose Cart

Црева – мозок патеката (Gut – Brain Axis)

Поврзаноста помеѓу дигестивниот систем и мозокот, ни е позната многу одамна, но во последните неколку години, интензивно се истражува влијанието на цревата, т.е. цревните микроорганизми, врз мозокот, (однесувањето на човекот, чувствата и емоциите), и секако и обратното влијание, т.е. како мозокот (чувствата, емоциите), влијаат врз микроорганизмите во цревата.

И така, познато е дека стресот, или други негативни емоции можат да направат дисбаланс во цревната микрофлора, а пак микроорганизмите од цревната микрофлора исто така можат да влијаат на однесувањето, чувствата/емоциите на човекот, преку разни продукти кои што тие ги синтетизираат во цревата.

Иако оваа тема е навистина комплицирана, заклучокот кој што можеме да го извлечеме, а кој што е важен и корисен за нас, е тоа дека ако сакаме да имаме добро ментално здравје, ни треба и здрава цревна микрофлора, а доколку сакаме да имаме здрава цревна микрофлора, секако дека треба да обрнеме големо внимание на нашата исхрана и стил на живот.

Најважната храна за нашите пријателски настроени бактерии, во цревата, се растителните влакна, па повторно доаѓаме до фактот дека најбезбедниот начин на исхрана за нас, е исхрана која што воглавно се состои од непроцесирани или минимално процесирани растителни производи.

Автор: дипломиран нутриционист Маја Велковска