Skip to main content
КошничкаClose Cart

Домашна, едноставна и вкусна гранола

Потребни ви се:

4 шолји овесни снегулки
1,5 шолја јатки или семки по избор (бадеми и семки од тиква)
1 лажичка сол
1/2 лажичка цимет
1/2 шолја растопено кокосово масло
1/2 шолја мед или друг природен засладувач
2/3 шолја исецкано суво овошје по избор (брусница и сливи)

Подготовка:


Прво измешајте ги сувите состојки, а потоа додајте ги и маслото и медот. Измешајте добро, за сите овесни снегулки да бидат покриени со маслото и медот. Потоа оваа смеса распоредете ја во тавче обложено со хартија за печење. Печете во претходно загреана рерна на околу 180 степени Целзиусови, околу 20-25мин. По печењето оставете ја гранолата да се излади добро, и потоа складирајте ја во сад за чување.

На здравје.