Skip to main content
КошничкаClose Cart

Дали е безбедно трудниците да консумираат ананас?

Ананасот содржи еден ензим кој што се нарекува бромелин и за кој што веројатно сте слушнале дека може да предизвика спонтан абортус или предвремено породување. Се вели дека овој ензим и некои други супстанци кои се наоѓаат во ананасот поттикнуваат контракции на матката и го омекнуваат цервиксот, па поради тоа употреба на ананас во текот на првите два триместри од бременоста е опасна.

Студиите на глувци, покажале дека, да, одредени количини екстракт од ананас, кои што ги содржат озлогласените компоненти, може да допринесат за одредени контракции на матката кај глувци, но тоа не значи дека консумирање на ананас во нормални количини, може да допринесе за спонтан абортус кај жените, всушност, второто, никогаш не е докажано.

Вистината е дека не постојат научни студии кои што ја потврдуваат изјавата дека ако трудниците консумираат ананас во првото тромесечје од бременоста, тоа може да допринесе за спонтан абортус, а исто така вистина е и дека делот од ананасот кој што се користи во исхраната всушност не содржи толку високи количини на бромелин.

Во секој случај, прекумерна употреба на ананас во текот на бременоста не се препорачува (а истото се однесува и на сите други прехранбени намирници), но нормална употреба на ананасот како дел од разновидна, здрава и избалансирана исхрана, моментално не е докажано дека претставува било каков проблем, кај трудници кои што се здрави и имаат нормална бременост.

Моментално не постои забрана за трудниците да консумираат ананас, издадена од национална или светска здравствена организација, која што притоа е базирана на научни студии.


Доколку ви се потребни повеќе информации за исхрана на трудници, погледнете ја нашата Програма за исхрана на трудници.

Автор: дипломиран нутриционист Маја Велковска