Skip to main content
КошничкаClose Cart

Пудинг од просо

Потребни ви се:

4 лажици сирово просо, покиснето во вода одвечер, па сварено
1 зрела банана
1 лажичка какао во прав
2 лажички путер од јатки
100гр боровинки

Начин на подготовка:

Свареното просо се блендира со бананата, какаото и путерот од јатки. На крај се истура во чинија, и му се додава црвеното овошје!

Доколку сакате пудингот да биде поблаг, можете да додадете мед, но јас ова си го подготвувам за појадок, и не сакам да ми е преблаго, па супер вкусно ми е и вака без додадени засладувачи!