Skip to main content
КошничкаClose Cart

Ќофтиња со зеленчук

Овие вегетаријански ќофтиња ви се одличен прилог на главен оброк без месо, а исто така се одлични и ако сакате со нив, да си подготвите некој сендвич за носење. За да ги подготвам, го направив следното:


Изрендав 5 мали компири, 3 мали главици кромид, 2 средни моркови. Потоа ја исцедив водата од зеленчукот. Па, на ова додадов 2 лажици овесни снегулки (мелени), 1 страк исецкан праз, 1 шолја ореви (ги измерив цели, а потоа ги сомелив), 2 лажици маслиново масло, 2 јајца, 2 лажици пченкарно брашно, 1,5 лажичка сол, лук во прав, оригано, куркума, бибер, околу 100гр рендано сирење. Компирите, кромидот и морковите ги рендав во процесорот за храна, и тоа заштедува мноогу време, и затоа на крај ќофтињата се прават прилично брзо.

Се се меша, се формираат ќофтиња и се печат на хартија за печење. Одозгора на секое ќофте му наросив сусам и му ставив малку маслиново масло 😉