Skip to main content
КошничкаClose Cart

Чоколадна овесна каша

Мојата омилена овесна каша 😍

Тука ќе дадеме рецепт за овесна каша направена со овесни снегулки, но вие можете да си ја подготвите и од цело зрно овес.

Потребни ви се:


200-300мл оризово млеко
4-5 лажици мелени овесни снегулки
100гр боровинки или друго црвено овошје
1 банана
2 лажички путер од јатки по избор
1 лажичка какао

Јас си ја подготвувам оваа превкусна каша вака:

ги мелам овесните снегулки во мелница за кафе/семки, и потоа овесните снегулки ги варам со оризово млеко. На почеток ставете околу 200-300мл оризово млеко, додајте ги снегулките, и варете ја смесата, а ако сакате потоа додајте уште малку млеко ако има потреба, ако смесата ви е прегуста.
Потоа на сварената овесна каша додајте и една пасирана банана, 1 лажичка какао, 2 лажички путер од јатки, и измешајте го сето тоа добро. Одозгора додајте црвено овошје.

На здравје!