Интегрални палачинки со брокула
Палачинкиве се прават многу брзо и лесно, а на мое изненадување излегоа навистина превкусни ♥️
За да ги направите потребни ви се:
2 јајца
250мл Баланс + јогурт
100 гр исецкана свежа брокула
½ мало лажиче сол
4 полни лажици интегрално пченично брашно
2 полни лажици интегрално ржано брашно
2 лажици маслиново масло или кокосово масло
Само треба да ги измешате сите состојки, со маталка, и на крај ги пржите палачинките на загреано тавче на малку кокосово или маслиново масло. Црпнете со лажица и истурете од смесата, во тавчето за пржење, а откако ќе се потпечат на едната страна свртете ги на другата страна и печете/пржете уште неколку минути.
На крај јас си ги искомбинирав со Баланс + јоуртот, а секако може да додадете и уште некој свеж зеленчук во комбинацијата.
Автор: дипломиран нутириционист Маја Велковска