Skip to main content
КошничкаClose Cart

Какво влијание имаат урмите врз процесот на природно породување?


Многу луѓе во минатото верувале дека урмите помагаат за побрзо започнување на породувањето, а денес имаме и студии на оваа тема, кои што ги потврдуваат ефектите кои ги имаат урмите, врз процесот на породување.

Состојките кои што ги содржат урмите, помагаат за омекнување т.е. зреење на цервиксот (родилниот канал), и ја намалуваат потребата од употреба на индукција за поттикнување/забрзување на породувањето. Исто така една студија покажала дека жените кои што употребувале по 6 урми на ден, во последните 4 недели од бременоста, имале пократка прва фаза на породување.

Урмите не служат за да поттикнат породување, но кога се употребуваат во одредена количина (6 урми на ден) и редовно, во последните 4 недели од бременоста, тогаш влијаат позитивно на олеснување на процесот на породување.

Се смета дека ова се должи на влијанието што го имаат урмите врз окситоцинските рецептори во телото, поради што мускулите во матката подобро реагираат на окситоцинот кој што се лачи во текот на породувањето.

Доколку немате медицинска причина поради која што не смеете да консумирате по 6 урми на ден, во последните 4 недели од бременоста, а сакате да јадете овошје, тогаш започнете со нивно редовно консумирање, на време.

Автор: дипломиран нутриционист Маја Велковска