Чоко мафини
Потребни ви се:
1 јајце
150мл јогурт
1 голема лажица путер
3 мали лажички мед
30гр рендано црно чоколадо
1 лажичка какао
1 рака суво грозје
1/3 cup ореви, ги измерив па потоа ги исецкав
1/3 cup мешавина од киноа, хељда и јачменови снегулки (тоа прво го измерив а потоа го сомелив)
1/3 cup пченкарно брашно
5гр прашок за печиво
Се се меша, па смесата се полни во калапи за печење, и печев околу 30-40минути на температура 190-210степени, за печењето не ме фаќајте за збор зашто не знам точно колку време ги печев, ама барем мерки имам и ја знам температурата 😅
На здравје!