Интегрална проја
Измешајте (се мери со чаша од 200мл) :
2/3 чаша масло (маслиново или масло од семки од грозје)
2 чаши јогурт Баланс +
2 чаши пченкарно брашно
1 чаша интегрално пченично или ржано брашно
1 пециво
3 јајца
Малку сол
Неколку исецкани краставички (може да се додаде и друг зеленчук или сирење).
Целата смеса истурете ја во тавче претходно обложено со хартија за печење. Одозгора наросете семиња по избор (интегрален сусам, сончоглед, ленено семе, ким..) и печете во претходно загреана рерна на околу 200 степени Целзиусови, околу 30-40 минути.