Чорба со наут и печурки
Потребни ви се:
4 лажици маслинови масло;
2 главици исецкан кромид и 2-3 чешниња лук;
3 исецкани моркови;
500гр исецкани печурки;
1литар доматен сос (или рендани домати);
250гр наут (покиснат во вода одвечер);
Начин на подготовка:
На маслиновото масло, пропржете ги кромидот и лукот. По некое време додајте ги и морковите и печурките. Откако зеленчуците ќе се издинстаат додајте го доматниот сос и наутот.
Откако ќе се стават сите состојки во тенџерчето, варете околу 40-тина минути, и зачинувате по желба на крај.
Оваа количина е доволна за 4 лица.
На здравје ❤